Напоредно со текот на инвестициите и проширување на асортиманот на производите се работеше и на постапките и процедурите за организација на работењето. Воедно се унапреди производството и се подобри квалитетот на производите и работењето во целост.
Денеска целокупната организација и поставеност како и работење се заснова на стандардот ISO 9001:2000, а за своите производи компанијата обезбеди и CE знак.
Овие сертификати ги ставивме во функција на непрекинат развој и унапредување во сите сегменти од компанијата и се со една крајна цел, нашите партнери да бидат ефикасно и ефективно опслужени од страна на нашите служби. Да го добијат вистинскиот производ со стандардизиран квалитет, квалитативно и квантитативно, а воедно и навремено испорачано на Општо задоволство на нашите редовни клиенти и партнери.