Основна дејност на ИГМ-Трејд е производство на заварени цевки и профили. Профилот на цевките се постигнува преку процесот на ладно обликување, поаѓајќи од основните материјали: ладновалана и топловалана трака. Во производниот програм влегува и флахот – челични расечени траки, како и лим во табли, топловалан и ладновалан, расечен од котур.
Производниот асортиман на ИГМ-Трејд се состои од следните димензии заварени цевки и профили:
- Округли цевки од 3/8” до 6” со дебелина до 6,0 мм
- Квадратни цевки од 13х13 до 250х250 со дебелина до 10,0 мм
- Правоаголни цевки од 30х10 до 300х200 со дебелина до 10,0 мм
- Цевки испитани под притисок од 3/8” до 3 ”
- ЗП – Профили
- Овални и полуовални цевки
Во производниот процес се применуваат светски прифатените стандарди на изработка и квалитет според ISO 9001:2000.
КВАЛИТЕТ
EN 10025 |
DIN 17100 |
S235JRG2 |
St 37.2 |
S275J2G3 |
St 44.3 |
S355J2G3 |
St 52.3 |
Тежината на профилите и отстапувањата се дефинирани според стандардите:
EN 10219-2 и EN 10305-5 и EN 10255 за цевки испитани под притисок.
Должина: цевките и профилите се произведуваат во стандардна должина од 6м и 12м, но со договор со купувачот можеме да изработуваме специјални должини од 4-15м.