Од основањето па се до денска инвестициониот тек во ИГМ-Трејд не е завршен, продолжува и понатаму со комплетирање на веќе започнатите инвестиции:
- Инсталирање на дополнителни три нови линии за производство на заварени цевки и профили на постоечките седум;
- Инсталирање на две нови линии за слитување;
- Инсталирање на линија за цевки до надворешен дијаметар од 680 мм;
- Инсталирање и започнување со работа на линијата за поцинкување на цевки – Цинкара;
- Инсталирање на две нови линии за Ладно Валање со два слитера;
- Линија за обработка на краеви,нарез на навои и испитување под притисок во склоп на цинкарата;
- Линија за изработка на панели;
- Две линии за сечење на лим во табли;
- Во индустриската зона Металец. Игм-Трејд подготвува голема инвестиција во делот на сопствената дејност.
Со завршување на овие започнати инвестиции бројот на вработени во компанијата од 250 , трикратно ќе се зголеми